Реал Мадрид се откажува од Мбапе и тргнува по Салах

По синоќешниот пораз од Манчестер сити, веднаш се активираа шпекулациите околу новите засилувања на Реал Мадрид.

Најголема желба на Зидан е секако Килијан Мбапе, но тешко дека овој трансфер ќе се реализира на крајот од сезоната со оглед на фактот дека ПСЖ бара 200 милиони евра. Па, Реал Мадрид пронајде нова опција, најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах.

Се истакнува дека Ливерпул би се согласил на трансфер но само по одредена цена, а тоа е 130 милиони евра. Опција која, наводно, е прифатлива и за Реал Мадрид.

Се вчитува...