Реал Мадрид се утеши со третото место, нов дебакл за Фенербахче

Реал Мадрид и втора година по ред ги добива пресметките со Фенербахче на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во кошаркарската Евролига. Шпанскиот тим во помалку изнанадувачката битка за третотот место меѓу ланските финалисти го победи Фенербахче со 94-75. За турскиот состав ова е втор исклучително висок пораз на Ф4 турнирот, во полуфиналето загуби со речиси 20 поени разлика.

Клучниот исчекор кон тирумфот Реал Мадрид го направи во завршниот период од средбата. Во него влезе фуриозно со серија од неверојатни 17-0 и сигурно тргна кон победата. Претходно Реал беше подобар во првата четвртина со 16-24. Фенер возврати добивајќи во вториот сегмент со 24-11, но ланскиот шампион беше подобар во третиот период кога направи прстоја дистанца која потоа ја догради до убедлив тирумф.

Густаво Ајон сo 23 поени беше прв стрелец кај Реал Мадрид, Костас Слаукас со 17 поени беше прв на листата стрелци кај Фенербахче.

Пресметката меѓу ланските финалисти беше најава за дуелот за титулата во кој ќе се сретнат Анадолу Ефес и ЦСКА Москва.

Се вчитува...