Реал Мадрид со „петарда“ ја прослави 36-тата титула во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид пред своите навивачи вечерва со „петарда“ го почасти тимот на Алавес, и во голем стил ја прослави титулата во Ла Лига. „Кралевите“ влегуваат во топ форма пред најважниот меч сезоната – финалето во ЛШ и дуелот со Борусија Дортмунд на Вембли.

Дека Реал Мадрид ќе запише победа беше познато уште во првиот дел, кога домашните се стекнаа со предност од 3-0. Најрпво Белингем погоди во 10. минута, за Винициус во 27. минута го зголеми водството, а Валверде во првата минута од судиското надополнување донесе и предност од 3-0.

Винициус во 70. минута постигна и втор гол за 4-0, додека Гулер во 81. минута се погрижи за „петардата“. Сепак, вреди да се напомене дека и покрај убедливиот пораз, Алавес не беше во подредена ситуација, со оглед дека Куртоа имаше неколку успешни одбрани.

Се вчитува...