Реал Мадрид со пресврт до триумф против Асвел Вилербан

Реал Мадрид славеше победа против Асвел Вилербан во 28. коло од Евролигата со 87-78.

„Кралевите“ до триумфот стигнаа со подобра игра во второто полувреме, откако првото мина максимално израмнето. Асвел имаше предност во поголемиот дел од првите две четвртина, но Реал Мадрид не дозволи изненадување со подобра игра во последниот период стигнувајќи сосема заслужено до победата од девет поени разлика.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џејси Керол со 19 поени, а кај Асвел Вилербан се издвои Тони Џекери со 10 поени и 11 скока.

Се вчитува...