Иднината на Карло Анчелоти на тренерското место во Реал Мадрид не е сигурна и покрај тоа што искусниот италијански стратег досега му донесе 14 трофеи на славниот клуб од кои два во Ла Лига и три во Лигата на Шампионите.
Реал Мадрид оваа сезона веќе ги освои Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот клуб, но за овие трофеи нема да му се суди на Анчелоти, пишуваат шпанските медиуми.
На Анчелоти веќе му е познат ставот на раководството на мадридскиот клуб. Доколку не биде освоен трофеј во Ла Лига, Купот на Шпанија или Лигата на Шампионите тој ќе добие отказ.
Во тој случај се очекува тимот да го превземе Чаби Алонсо кој има успешен мандат на клупата на Баер Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА