Реал Мадрид тргна победнички во 2020 година

Реал Мадрид триумфално ја стартуваше новата година откако „кралевите“ триумфираа со 0-3 на гостувањето против Хетафе. По трите реми во низа, избраниците на Зидан овојпат успеаја да се снајдат подобро од своите противници, максимално ги искористија своите шанси и на крајот се радуваа на победата.

Херој на натпреварот беше голманот Куртоа, кој во клучните моменти во првото полувреме со три одлични интервенции не им дозволи на домашните фудбалери да ја затресат неговата мрежа. На спротивната страна, голманот на Хетафе, Сорија, не се снајде најдобро и со автогол му донесе предност на противничкиот тим.

Прашањето на победникот беше решено на почетокот од второто полувреме, кога Варан со прецизен удар со глава стрелаше за 0-2, a конечните 0-3 во судиското продолжение ги постави Лука Модриќ, по несебичната асистенција на Валверде

Се вчитува...