Реал Мадрид во обвинителството ќе бара правда за Винисиус

Реал Мадрид поднесе жалба до Шпанската фудбалска федерација за однесувањето на судијата Хуан Мартинез Мунуер, кој во саботата вечерта не направи ништо во врска со нечовечките навреди кон Винисиус Јуниор и мајмунските врисоци кои, според Мадрид, јасно се слушнале од трибините на „Ел Садар“.

Во жалбата се наведува дека Мартинез Мунуера ги игнорирал не само извиците кои можел да ги слушне самиот, туку и сугестиите на играчите на Реал, кои му пришле и покажале каде точно се упатени расистичките навреди кон нивниот соиграч и стрелец на два гола во победата над Осасуна од 2-4.

Во Реал потсетуваат дека главниот судија на натпреварот морал да реагира според правилата, но и според шпанскиот закон, но ништо не направил. Притоа, Мартинез Мунуера во извештајот од натпреварот не го ни спомена говорот на омраза и расистичките навреди кон бразилскиот ас, кој е честа мета на расисти на трибините низ Шпанија.

Токму поради оваа причина, бидејќи сметаат дека фудбалските судии не сакаат да ги штитат фудбалерите, во Реал Мадрид решија да ја прошират жалбата на случајот пред редовниот шпански суд и затоа ги изнесоа доказите во обвинителството за се што се случи, не само во Памплона, туку и во други градови. Во тој документ се наведени и случаите од гостувањата на Реал во Валенсија, Барселона и градскиот ривал Атлетико.

Се вчитува...