Реал мора да заработи 300 милиони евра за да не го прекрши Финансискиот фер-плеј

Реал Мадрид мора да продаде играчи во вредност поголема од 300 милиони евра за да одговори на барањата на Финансискиот фер-плеј. „Кралскиот клуб“ веќе потроши околу 200 милиони евра купувајќи ги Еден Азар и Лука Јовиќ, а тренерот Зинедин Зидан се изјасни дека сака да ги купи и Пол Погба и Кристијан Ериксен. Двоецот од Премиер-лигата воопшто не е евтин, па на Реал ќе му бидат потребни дополнителни 250 милиони евра.

Токму поради ова неопходна ќе биде продажба на неколку ѕвезди. Еден од нив дефинитивно е Герет Бејл кој е меѓу 13-те играчи кои клубот сака да ги продаде. Заедно со Бејл, најголеми имиња кои би можел да ги продаде Реал се и позајмените Матео Ковачиќ и Хамес Родригез. Ковачиќ и Родригез имаат договори до 2021 година додека Бејл кој очигледно има лоша релација со Зидан, има договор до 2022 година. За него интерес покажува Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...