Реал му нуди на Јунајтед 80 милиони и двајца фудбалери за Погба

Зинедин Зидан не се откажува од доведувањето на Пол Погба на „Сантијаго Бернабеу“. Манчестер јунајтед бара 180 милиони евра за Французинот, а според пишувањата на англиските медиуми Реал подготвил понуда од 80 милиони евра и Хамес Родригез и Маријано Дијаз.

Со оваа понуда јунајтед би вратил голем дел од сумата која ја потроши за негово враќање од Јувентус (105 милиони), но и ќе добие двајца одлични фудбалери. Погба сезонава одигра само 540 минути за јунајтед на кои забележа две асистенции.

 

Се вчитува...