Реал носи нов центар од НБА-лигата

Реал Мадрид ќе ги засили своите редови со нов центар од НБА-лигата, откако успешно ги финишираше преговорите за ангажман на Анте Жижиќ. Хрватот своевремено важеше за еден од најдобрите млади центри во Европа, настапуваше во Евролигата во дресот на Макаби, по што се пресели во НБА-лигата. Жижиќ беше избран како 23. пик на драфтот во 2016 година од Бостон, по што веднаш беше испратен во Кливленд.

Самиот кошаркар сака да се врати назад во Европа, а „кралевите“ го искористија тоа за интензивни преговори со Хрватот. Начелно се договорени условите за тригодишна соработка, а официјализацијата на трансферот се очекува во следните седум дена. Тој ќе го заземе местото во тимот на Џордан Мики, Американецот една година по доаѓањето од Мадрид ќе го напушти таборот на „кралевите“ и ќе се врати во Химки.

Нов кошаркар денеска ангажираше и Фенербахче, комплетирајќи го трансферот на Џонатан Хамилтон. Американскиот центар пристигна од редовите на Дарушафака, каде минатата сезона во Еврокупот имаше просек од 11,3 поени и 8,1 поени.

Се вчитува...