Реал одамна не бил вака понижен: „Петарда“ за едно полувреме, на крајот 3-7

Реал Мадрид го претрпе еден од најтешките порази во последните децении откако на подготовките во САД загуби од градскиот ривал Атлетико Мадрид со 3-7.

„Кралевите“ беа шокирани во првото полувреме, кога противникот поведе со неверојатни 5-0. Вторите 45 минути донесоа поизрамнета борба, Атлетико постигна два, а Реал три погодоци за конечни 7-3 за тимот на Диего Симеоне.

Во главна улога беше Диего Коста, кој постигна четири погодоци за „јорганџиите“, но потоа во второто полувреме доби и црвен картон заедно со Карвахал. Стрелци за Атлетико беа уште и Жоао Феликс, Витоло и Кореа, додека головите за Реал ги постигнаа Начо, Бензема и Хави Хернандез.

Се вчитува...