Реал почна со подготовки: Крос дојде прв, Азар најголемо засилување

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ги стартуваше подготовките за новата сезона. Тони Крос по германски принцип прв се појавил во „Валдебебас“, а медиумите најмногу интерес покажаа за најголемото засилување Еден Азар. На прозивката се појави и велшкиот интернационалец Герет Бејл кој одбива да замине од „Сантијаго Бернабеу“ иако доби најава дека не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан.

„Кралевите“ патуваат за Монтреал, Канада, каде ќе ја почнат претсезоната. Минатата сезона Реал Мадрид остана без ниту еден трофеј.

Се вчитува...