Реал подготви понуда за Обамејанг која навивачите на Арсенал веднаш ја прифаќаат

Веќе не е никаква тајна дека Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок посакува во своите редови да го донесе Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал, кој не е среќен на „Емиратите“ отворено признавајќи дека сака да замине.

Угледната „Марка“ пренесува дека „кралевите“ веќе подготвиле понуда која наредниве денови треба да се испрати до лондонскиот клуб. Наводно, Реал Мадрид е подготвен во трансферот на Обамејанг да го вклучи и младиот српски напаѓач Лука Јовиќ кој летово пристигна од Ајнтрахт Франкфурт.

Флорентино Перез е подготвен да го пушти овој 21-годишен фудбалер во Арсенал, во замена за Обамејанг кој минатата сезона беше најдобар стрелец во клубот со 31 гол. Од друга страна, Јовиќ сезонава за Реал одигра само 11 натпревари и постигна само еден гол.

По написите на „Марка“, навивачите на Арсенал преку социјалните мрежи искажаа огромно воодушевување од понудата на Реал во која покрај финансиски надомест би имало и доаѓање на Јовиќ. Па, порачаа дека Арсенал веднаш треба да прифати такво нешто.

Се вчитува...