Реал подготвува „чистка“ за јануари: Четворица фудбалери ги пакуваат куферите

Шпанскиот вицешампион Реал Мадрид ќе се раздели од четворица играчи кои од различни причини речиси и не играле во досегашниот дел од сезоната.

Според шпанските медиуми, Реал со задоволство би се разделил со Герет Бејл, Еден Азар, Иско и Марсело, доколку има клубови заинтересирани да ги земат во зимскиот преоден рок.

Иско одигра само 166 минути во шест натпревари во Примера во досегашниот дел од сезоната. Марсело има запишано вкупно 89 минути во првенството, а Бејл, пак, поради повреди не учествуваше на натпреварите во август, додека од „Сантијаго Бернабеу“ сметаат дека Азар треба да си ја проба среќата на друго место во потрага по поголема минутажа.

Се вчитува...