Реал пред нов потпис, Перез ќе ја награди добрата игра на Винисиус со нов договор

Раководството на Реал Мадрид е подготвено да започне преговори со Винисиус Јуниор околу продолжување на договорот.
Тој беше донесен како голем потенцијал и преку четиригодишна работа оваа сезона почна да го покажува целиот талент што го поседува.

Му требаше време како млад човек од Бразил да го достигне потребното ниво за да игра на највисоко ниво, но конечно успеа, игра фантастично и Реал е подготвен да го награди со нов договор.

Според Фабрицио Романо, Флорентино Перез има желба да потпише договор за соработка со Бразилецот до 2027 година, а до лето треба да го обезбедат неговиот потпис. Тие сфатија дека тој може да биде иднината на клубот и тие, но и самиот фудбалер се задоволни од моменталната ситуација.

Винисиус во Реал пристигна од Фламенго во 2018 година, а оваа сезона на 34 натпревари во сите натпреварувања постигна 16 голови и 10 асистенции.

Се вчитува...