Реал со понуда за нов договор, но Асенсио има подобра понуда од Англија

Реал Мадрид му доставил нов 4-годишен договор на Марко Асенсио, но агентот откри дека фудбалерот има многу подобри финансиски понуди. Асенсио има уште една година од договорот, па Реал му нуди продолжување на соработката и плата од 4,5 милиони евра плус бонуси.

Меѓутоа, неговиот агент откри дека англиските клубови му нуделе 7 милиони евра по сезона. Се уште не е јасно дали агентот сака да изнуди повеќе пари од Реал, но „кралевите“ не се спремни да ја зголемат понудата и во спротивно ќе го продадат фудбалерот.

Покрај англиските клуба, интерес за Асенсио имаат Баерн Минен, Милан и Јувентус.

Се вчитува...