Реал Сосиедад го продолжи договорот со тренерот

Шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад го продолжи договорот со својот тренер Еузебио Сакристан до 2019 година. Првичната соработка требаше да истече на крајот од сезоната, но раководството е задоволно од работата на Сакристан и одлучи да го задржи и во наредните две сезони.

Овој стратег дојде на кормилото на Реал Сосиедад во ноември 2015 година кога го замени Дејвид Мојес, а успеа значително да го подигне квалитетот на тимот. Минатата сезона Реал Сосиедад ја заврши на деветтата позиција, а во моментов е на петтото место, со реални шанси да се бори дури и за пласман во Лигата на шампионите.

Еусебио Кристан во шпанските медиуми беше споменуван и како можен наследник на клупата на Барселона, со оглед дека во минатото го водеше Б-тимот на каталонскиот гигант, но Реал Сосиедад успеа да го обезбеди да остане во клубот и за наредните две сезони.

Се вчитува...