Реал Сосиедад ја губи битката за врвот на Шпанија

Реал Сосиедад по одличното отварање на сезоната бележи пад во формата кој кулминираше со пораз од 1-0 од Еспањол во 15. коло од Ла Лига. Херојот на домаќините беше Херара кој во 77. минута ја затресе противничката мрежа, а овој гол на крајот се постави како одлучувачките за тритте бода.

Реал Сосиедад и покрај поразот засега останува на второто место на табелата со 29 освоени бода, еден помалку од Реал Мадрид, но „кралскиот клуб“ има два натпревара помалку, исто како и Севилја која е на третото место со 28 освоени бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...