Реал Сосиедад ја освои Мајорка

Реал Сосиедад ја совлада Мајорка на гостувањето со 0-2 во заостанат натпревар од 21. коло во шпанската Ла лига. Давид Силва во 35. минута донесе водство за гостите од 0-1, резултат со кој се замина на пауза.

Конечните 0-2 ги постави Мерино во 62. минута. До крајот домаќините пробаа да се вратат во натпреварот, но немаа сила за ништо повеќе. Со овој триумф Реал Сосиедад се искачи на шестата позиција на првенствената табела со 44 бода, додека Мајорка остана шеснаесетта со 26 бода.

 

 

Се вчитува...