Реал Сосиедад ја продолжи црната серија на Севилја сезонава откако веќе и седми меч во низа тимот од Андалузија нема победа во шпанската Ла лига. Вечерва Баскијците на домашен терен славеа со 2-1 во натпревар од 14. коло.
Домаќините поведоа со 1-0 со автоголот на Дмитровиќ во 3. минута од мечот. До крајот на првиот дел беше и 2-0 откако Садик стрелаше во 22. минута. Во вториот дел Севилја успеа да стигне само до почесен погодок преку Ен Незири во 60. минута.
Во финишот нервозата си го направи своето па фудбалерите на гостите Серхио Рамос и Хесус Навас добија директни црвени картони.
Real Sociedad 1-0 Sevilla – Marko Dmitrovic OG 3′
byu/Meladroitdeposter insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА