Реал Сосиедад со десет играчи до триумф и искачување на врвот на Ла Лига

Реал Сосиедад е новиот лидер на  Ла Лига откако тимот од Сан Себастијан во драматичен меч ја совлада Мајорка со 1-0 и и ги прескокна Атлетико Мадрди и Реал Мадрид на табелата.

Баскијците уште во првото полувреме останаа со десет фудбалери по исклучувањето на Муњоз, но дури и со иргач помалку стигнаа до триумф, и тоа со голот што во судиското продолжение го постигна Лобете по грешката на голманот Реина.

Реал Сосиедад сега има 20 бода, по три повеќе од Атлетико и од Реал Мадрид, чии натпревари од ова коло се одложени.

Се вчитува...