Реал тргна за Скопје, Роналдо „изгледа добро“

Експедицијата на Реал Мадрид полета од Мадрид за Скопје, каде утре на „Телеком арена“ ќе се сретне со Манчестер јунајтед во Суперкупот на Европа. Прв со фотографија од почетокот на патувањето се пофали Серхио Рамос, кој на својот инстаграм профил објави заедничка фотка со уште неколку соиграчи од автобусот со кој „кралевите“ се движеа кон аеродромот во Мадрид.

„Кралевите“ се комплетни откако и Кристијано Роналдо по одработениот вчерашен тренинг се најде на списокот на патници за Скопје. Португалецот самиот си објави фотографија од аеродромот „Барахас“ на социјалните мрежи со порака „Изгледам добро“. Сепак, се очекува тој да не биде стартер на утрешниот меч, туку да влезе во игра дури во последните дваесетина минути, бидејќи Зидан не сака да ризикува да дојде до повреда пред стартот на новата сезона во Примера дивизион.

ronaldo izgleda dobro

Доаѓањето на „кралската експедиција“ во Скопје се очекува во 13.35 часот.

Се вчитува...