Реал тргнува во офанзива по Стерлинг, пред двомечот со Сити во ЛШ

Манчестер Сити во следните две години нема да може да настапува во ЛШ, што не само ќе го ослаби имиџот на „граѓаните“, туку и нивната финансиска моќ за да ги задржат главните фудбалери. Намалените приходи, надополнети со засилена контрола од УЕФА за финансиското работење на англискиот гигант, ќе придонесат тимот на Гвардиола да ги загуби „мускулите“ со кои досега делуваше импресивно во преговорите за фудбалерите.

Еден од првите за кои се очекува дека ќе си заминат е Рахим Стерлинг, за кого тотална офанзива најавува Реал Мадрид. „Кралевите“ се интересираа за англискиот реперезентативец и минатото лето, но тогаш тој приоритет им даде на преговорите со Манчестер Сити. Сепак, со новиот развој на настаните „граѓаните“ немаат шанси да ги задоволат неговите барања од 300.000 фунти неделна плата плус бонуси, што го прават Стерлинг една од најпосакуваните „ѕвезди“ во претстојниот преоден рок.

Интересно е што Реал офанзивата ја најавува во вистински момент, пред двомечот што „кралевите“ ќе го имаат во осминафиналето на ЛШ токму со Стерлинг и Манчестер Сити. Англискиот офанзивец моментно е повреден, но се очекува да се рехабилитира навреме за да може да настапи за „граѓаните“ против „кралскиот клуб“.

Се вчитува...