Реал три четвртини се адаптираше без публика, па го реши Милано

Реал Мадрид по голема битка успеа да стигне до триумф на гостувањето против Милано (73-78), меч што се играше пред празни трибини поради опасност од ширење на коронавирусот.

„Кралевите“ се мачеа да влезат во ритам во првите три четвртини, голем дел минаа во двоцифрена негатива, но потоа „експлодираа“ на стартот од последниот период. Имено, гостите од Шпанија ја отворија четвртата четвртина со серија од 0-15, направија целосен пресврт и на крајот стигнаа до победата. Ветеранот Руди Фернандез беше прв стрелец со 16 поени, а по 13 постигнаа Тавареш, Томпкинс и Лапровитола.

Асвел ја прекина серијата слаби игри, славејќи над Валенсија со 72-65. Шпанскиот тим имаше три победи на последните три гостувања, но овојпат потфрли, не најде одговор за цврстата одбрана на домаќинот и заслужено претрпе пораз. Дејвид Лајти го предводеше францускиот тим со 20 постигнати поени, Вивеш беше најефикасен кај Валенсија со 14 поени, а целосно потфрли центарот Дубљевиќ, реализирајќи само четири поени со катастрофален шут од поле 1/9.

Се вчитува...