Реал во шок, се предомислува ли Мбапе? – Французинот призна дека е можно да ја продолжи кариерата во ПСЖ!

Иако на големо се пишуваше дека Килијан Мбапе веќе во јануари ќе потпише договор со Реал Мадрид бидејќи им го дал својот збор, сепак, денешните информации велат дека Французинот, би можел да го продолжи договорот со ПСЖ, но само за многу пари.

Според експертите, целата приказна околу ветувањето и не сакањето тоа да се прегази е само дел од сагата на менаџерскиот тим на францускиот репрезентативец да издејствува рекордна плата со која би станал најплатен фудбалер на светот.

„Навистина не знам каква ќе биде мојата иднина. Не е лесно да се реши. На почетокот бев разочаран што не заминав минатото лето, но останав да играм за клуб кој сака да ја освои Лигата на шампионите. Јас сум парижанец, се чувствувам добро во ПСЖ и отсекогаш сум го велел тоа. Само сакав да пробам нешто поинаку, но нема да бидам разочаран ако не се оствари тоа и ја продолжам кариерата во Франција“, изјави Мбапе.

Се вчитува...