Ребиќ го засилува Атлетико Мадрид?

Хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ треба да биде новото засилување за нападот на Атлетико Мадрид. Како што информира Скај Германија, раководството на Атлетико Мадрид успеало да постигне договор со Ајнтрахт Франкфурт за отштетата околу трансферот на Ребиќ. Напаѓачот ќе пристигне за сума од 40 милиони евра.

Атлетико Мадрид остана без Лукас Хернандез, ќе остане и без Антоан Гризман, а Ребиќ треба решение за навалниот ред, откако Маркос Љоренте дојде од Реал Мадрид за пополнување на маневарот. „Јорганџиите“ испратија и понуда вредна 126 милиони евра за Жоао Феликс, португалското чудо од Бенфика.

Се вчитува...