Реџи Милер жестоко против Дончиќ: Лука нека се погледне во огледало, не може да трча колку останатите

Лука Дончиќ предвреме замина на летен одмор откако неговиот Далас беше елиминиран уште во регуларниот дел од плејофот, не успевајќи да обезбеди учество во плејин натпреварувањето.

И додека дел од американските медиуми се занимаваат со тоа како на Дончиќ му е потребна дополнителна помош покрај Кајри Ирвинг за да од Далас да направи шампионски тим, легендарниот Реџи Милер жестоко го критикуваше Словенецот, и тоа поради неговиот изглед и физички способности кога е на теренот.

„Лука Дончиќ треба да се погледне во огледало. Тој мора да биде во подобра физичка форма, бидејќи сувиот квалитет не значи ништо сам по себе. Далас како екипа мора повеќе да трча, тоа и го правеше кога Лука не беше во тимот, но кога Дончиќ е на теренот се е сосема поинакви. Џејсон Кид е тренер што сака неговиот тим да игра брза кошарка, но тоа е  невозможно кога го имате Лука на теренот“, критичен беше легендарниот шутер.

Се вчитува...