Седмото коло во шесте регионални лиги на Македонија донесе неколку неочекувани резултати.
Караорман загуби во Ресен од Преспа, додека фудбалерите на ГФК Победа кои во првите шест кола редеа високи победи, во неделното коло ремизираа со Венец во Долни Дисан. Борец од Велес почна да се загрева, и го декласира Влазними со 10-0.
РЕГИОН 1: Фортуна-Аеродром 1:1, Башкими Љуботен-Беса 4:3, Њу Старс-Студеничани 1:1, БВК Коњаре-Марино 4:1, Аеродром-Илинден 0:6, Ржаничино-Кул Здравје 2:1
- На табелата убедливо води Илинден со максимални 21 бод, пред Коњаре со 16 бода.
РЕГИОН 2: Ликова-Пчиња 1:2, Беса-Јуниор 1:1, Академија-Осогово Речица 0:0, Влазними-Козјак 0:2, Куманово-Победа (Тромеѓе) 6:1
- На табелата води Куманово со 18 бода пред Беса со 16 бода.
РЕГИОН 3: Брегалницаа-Каменица Саса 2:6, Огражден -Малеш 1:0. Дојранско Езеро -Овче Поле 1.1, Хоризонт –Ударник 1:1, Карбинци-Слога неодиграно. Победа/В/ беше слободна.
- На табелата води Огражден со 16 .пред Победа со 13/-2/ бода
РЕГИОН 4: Големо Коњаре-Превалец 3:0, Победа /Пепелиште/-Бучим 2:3, Борец-Влазними 10:0 , Венец-ГФК Победа 0:0, Ултрас-Росоман 2:0, Млекар-Вардар /Н/ 2:2, Питу Гули-Башкими 4:0
- На табелата води ГФК Победа со 19 пред Борец со 16 бода
РЕГИОН 5: Баир=Влазними 3:2, Преспа-Караорман 3,2 Напредок-/К/ -Света Тројца 1;2, Влазерими-Кравари 3;2,Демир Хисар –Могила 1;2, Чардак-Крошу спорт 0:1
- На табелата води Влазерими со 16 пред Караорман со 15 бода
РЕГИОН 6: Цетински-Лирија 3:1, Љуботен-Дрита 1:4, Гостивар-Речица 2:1, Вардар-Јехона 6:0 ,Градец-Доброште 3:5, Џепчиште-Кораби 1:1
- На табелата Водат Дрита и Доброште со 19 пред Гостивар со 16 бода.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
