Регуилон e херојот што спаси живот: Видов човек како лежи, а другите врискаа – застанете, застанете…

Серхи Регуилон со Тотенхем славеше со 2-3 на гостувањето против Њукасл, но шпанскиот бек импресионираше со својата смиреност и човечност, откако прв пријде до судијата и побара да го прекине натпреварот откако еден навивач на трибините имаше срцев удар.

Шпанецот веднаш притрча до судијата, додека неговиот соиграч Ерик Дајер го испрати тимсксиот лекар на Тотенхем да им помогне на медицинските лица да го спасат навивачот.

Според последните информации тој бил реанимиран на трибините, по што бил пренесен во болница и моментно се наоѓа во стабилна состојба, а Регуилон веднаш по мечот се осврна на шокантните секунди во кои реагираше перфектно.

„Прво ги слушнав навивачите како викаат: Застанете, застанете… Видов човек како лежи, и еден крај него како му дава вештачко дишење. Се потресов, дојдов до судијата и му реков дека не можеме да играме. Мораше да го прекине мечот и го стори тоа, ја донесе вистинската одлука за доброто на сите“, изјави Регуилон.

Се вчитува...