Голманот на Астон Вила Пепе Реина кој во моментов е на позајмица од Милан говореше колку му било тешко во периодот кога се опоравувал од коронавирусот. Тој вели дека симптомите кај него биле многу силни и воопшто не му било лесно.
„Не излегував 18 дена. Ми недостасува друштвото. Во куќата сме мојата жена Јоланда и нашите пет деца. Бев изолиран по првите симптоми. Грозница, сува кашлица, главоболка која не престануваше, чувство на исцрпеност. Единствен страв имав кога не можев 25 минути да дојдам до кислород. Првите шест дена бев заклучен во соба“, изјави Реина.
Реина во кариерата ги бранеше боите и на Барселона, Вилјареал, Ливерпул, Баерн и Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА