Реиналдо Руеда нов селектор на Чиле

Реиналдо Руеда ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Чиле. Колумбискиот стратег потпиша четиригодишен договор со фудбалската федерација на јужноамериканската држава. Руеда го наследува Хуан Антонио Пици, стратегот кој го напушти кормилото по неуспехот да обезбеди пласман на селекцијата на Светското првенство кое ќе се одржи во Русија.

60-годишниот стратег има тренерско искуство на репрезентативно ниво, своевремено беше на чело на младата и сениорската репрезентација на Колумбија, на А селекцијата на Еквадор, како и на Хондурас со кои учествуваше на СП во Јужна Африка во 2010 година. На клупски план, Руеда има работно искуство како тренер на Фламенго, Депортиво кали, Медељин и Атлетико национал.

  

Се вчитува...