Реиниер заплака: Ќе го дадам животот за Реал Мадрид

Реал продолжи со купување на млади бразилски фудбалери, па по Винисиус и по Родриго денеска беше официјализиран и трансферот на Реиниер Жуниор, плејмејкерот на Фламенго кој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ за почетни 30 милиони евра. Сумата е огромна, такви се и очекувањата на „кралскиот клуб“, иако на младиот Бразилец се гледа како на долгорочно засилување, па тој до крајот на сезонава ќе настапува за вториот тим на Реал.

Самиот играч беше воодушевен од промоцијата, не можејќи да ги скрие солзите во првите минути минато како член на најтрофејниот европски клуб.

„Ми се исполнува сонот од детството, денешниот ден е прекрасен. Благодарност до семејството за поддршката што ми ја даваше. Секогаш зборувавме како би било прекрасно еден ден да го облечам дресот на Реал, денеска се случува токму тоа. Сакам да станам дел од историјата на овој голем клуб, ќе го дадам животот за Реал Мадрид“, истакна Реиниер.

 

Се вчитува...