Рејсинг Поинт чува место за Себастијан Фетел

Себастијан Фетел почнал разговори со екипата на Рејсинг Поинт околу потпишување на договор во 2021 година, пренесуваат германските медиуми. Тимот чиј сопственик е канадскиот бизнисмен Лоренс Строл следната сезона ќе го смени името во Астон Мартин.

По заминувањето од Ферари и постепеното затворање на позициите во останатите тимови Себастијан Фетел доколку сака да остане во Ф1 нема многу опции. Фернандо Алонсо ќе вози во Рено, Валтери Ботас го продолжи договорот со Мерцедес. Исто така и Ред Бул ја затвори вратата за легендарниот Германец, па затоа единствена опција останува Рејсинг Поинт.

Тој во Рејсинг Поинт ќе го замени Серхио Перез, бидејќи би било неверојатно доколку Лоренс се откаже од својот син Ленс.

Се вчитува...