Рекорд по рекорд – Јуве е супериорен

Јувентус во Удине славеше и на осмиот натпревар во низа во „Серија А“, уште еден доказ за моќта на овој тим на „старата дама“ кој урива се пред себе.

Јуве стана само шести тим во историјата кому ова му успеало, Рома имаше идентичен старт во 2013 година, Наполи стартуваше со 24 бода ланската сезона, а сите претходни рекордери се различни генерации на Јувентус, во 1930, 1985 и во 2005 година.

Ниту еден друг клуб од Топ 5 лигите во Европа нема максимални десет победи (севкупно со мечевите од ЛШ) како што е тоа случај со „старата дама“, а Масимилијано Алегри стана прв тренер во историјата на најтрофејниот италијански клуб што стартувал сезона со десет победи во низа (во сите натпреварувања).

Интересно, покрај Јувентус единствен тим што нема претрпено пораз во Топ 5 лигите, а е дел и од Лигата на шампионите, е Борусија Дортмунд.

„Црно-белите“ од Торино во следното коло ќе ја пречекаат Џенова на нашиот Горан Пандев, по што ќе имаат исклучително тежок тест во Лигата на шампионите, гостување на „Олд трафорд“ против Манчестер јунајтед.

Се вчитува...