Рекордна седма пол-позиција за Хамилтон на Силверстоун

Актуелниот шампион Луис Хамилтон стигна до рекордната седма пол-позиција на трката за Големата награда на Велика Британија, која се вози на Силверстоун. Британецот до пол-позицијата стигна со време од 1:24.303.

Во вториот квалификациски циклус актуелниот шампион, Луис Хамилтон имаше мала грешка, по која беа стопирани квалификациите, но по враќањето на патеката успеа да направи време што беше доволно за второ место во К2.

Од првиот стартен ред очекувано со Хамилтон ќе стартува и неговиот клупски колега Валтери Ботас. Од вториот стартен ред на утрешната трка ќе тргнат Макс Верстапен од Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари. Во топ 10 уште се наоѓаат и Норис, Строл, Сајнц, Рикардо, Окон и Фетел.

Се вчитува...