Ремек-делото на Сара Ристовска меѓу петте најубави голови во Европа (видео)

Македонската репрезентативка Сара Ристовска се најде на листата на стрелци на петте најубави погодоци во изминатите два дена, како дел од квалификациите за ЕП 2022 и од натпреварите од ЕХФ Еврокупот.

Нашата крилна ракометарка одлично се снајде во една ситуација иако немаше преголем агол, па со мајсторски погодок ja совлада црногорската голманка.

Ова беше трет гол на топ-листата што ја објави ЕХФ, на чие чело се најде норвешкиот цепелин што Арнцен го претвори во атрактивен погодок.

Се вчитува...