Вулверхемтпон и Лестер одиграа без голови 0-0 во натпревар од 26. коло во англиската Премиер лига. Во првото полувреме домаќините постигнаа гол преку Вили Боли во 45. минута, но судијата Мајк Дин по консултација со ВАР собата одлучи да го поништи голот.
Во второто полувреме за издвојување е 76. минута кога гостинскиот фудбалер Чудури го заработи вториот жолт картон, но домаќините не успеаја да ја искористат бројчаната предност на теренот и да стигнат до полн плен. Со овој бод Лестер останува трет на првенствената табела со 50 бода, додека Вулверхемптон е седми со 36 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА