Реми меѓу Реал и Атлетико од кое најсреќна ќе е Барселона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа без победник 1-1 во градското дерби како дел од 23. коло во шпанската Ла лига.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Алварез од пенал во 35. минута. Чуамени го нагази Лино, следеше реакција од ВАР собата, по што судијата Сезар Сото Градо замина да го провери прекршокот и на крајот одлучи да додели пенал за Атлетико Мадрид.

 

Во вториот дел „кралевите“ брзо стигнаа до израмнување на 1-1 преку Килијан Мбапе во 50. минута.

Real Madrid [1] – 1 Atletico Madrid – K. Mbappé 50'
byu/dotuan211 insoccer

До крајот „кралевите“ со сите сили се обидоа да стигнат до победа, но гостите успеаја да се одбранат и мечот да заврши без победник 1-1.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...