Реми на дербито во Бундеслигата меѓу Лајпциг и Ајнтрахт Франкфурт (ВИДЕО)

Лајпциг и Ајнтрахт Франкфурт одиграа без победник 1-1 во дербито на 25. коло во германската Бундеслига. По првото полувреме мрежите мируваа, а во 47. Емил Форсберг донесе водство за домашниот тим. До крајот Камада во 61. израмни на 1-1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Лајпциг сега има негатива од четири бода зад Баерн Минхен и се наоѓа на втората позиција на табелата, додека Ајнтрахт Франкфурт останува четвртти со 44 бода и до крајот ќе води голема борба за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

 

 

 

Се вчитува...