Реми на Тотенхем и Јунајтед во натпревар со многу грешки и сомнителен пенал (ВИДЕО)

Тотенхем и Манчестер Јунајтед одиграа нерешено 1-1 во дербито на 30. коло во англиската Премиер-лига. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Стивен Бергвајн во 27. минута откако најскапиот дефанзивец во историјата Хери Мегвајер доцнеше, а Давид де Хеа лошо интервенираше по шутот на Холанѓанецот.

Во второто полувреме во 66. минута Хуго Лорис со неверојатна интервенција по одличниот шут на Ентони Марсијал, спречи „црвените-ѓаволи“ да го израмнат резултатот. Сепак, гостите успеаја да стигнат до израмнување во 82. минута, откако по една сомнителна ситуација меѓу Ерик Даер и Пол Погба главниот судија на мечот Џонатан Мос досуди пенал за Јунајтед кој успешно го реализираше Бруно Фернандеш.

Во 90. минута беше досуден уште еден пенал за Јунајтед, но по проверка со ВАР се виде дека нема контакт и судијата ја поништи својата одлука.

Манчестер Јунајтед останува петти со 46 бода, додека Тотенхем осми со четири бода помалку од денешниот противник.

Tottenham Hotspur 1-0 Manchester United: S. Bergwijn goal 27′ from r/soccer

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...