Реми во Истанбул, Бешикташ во осминафиналето на ЛШ

Бешикташ и Монако ремизираа (1-1) во Истанбул, а со тоа турскиот тим се зацврсти на првата позиција во групата Г од Лигата на шампионите. Бешикташ по трите претходни победи и денешното реми, собра вкупно 10 бода по четири кола и обезбеди пласман во осминафиналето.

Монако дојде во водство на самиот крај од првото полувреме, кога Рони Лопес ја искористи грешката на домашната одбрана и ја затресе мрежата на Фабрицио, а Бешикташ израмни во вториот дел, со гол од пенал што го постигна Ченк Тосун во 54.минута од средбата.

Се вчитува...