Реми во Милано: „Росонерите“ се лизнаа против Болоња, но и понатаму остануваат на врвот во Серија А

Фаворизираниот Милан не успеа да го совлада аутсајдерот Болоња, па на крај „росонерите“ се задоволија само со реми (0-0) во рамки на 31. коло од Серија А.

Фудбалерите на Милан покренаа иницијатива уште од самиот почеток од првото полувреме, креираа неколку шанси за гол, но без реализација. На пауза се замина со 0-0.

И во вториот дел Милан напаѓаше и ја имаше контролата над топката. „Црвено-црните“ упатија повеќе од 29 шута, но само шест завршија во рамките на голот, но повторно без прецизност и реализација.

Милан по ваквиот исход обезбеди само еден бод повеќе од второпласираниот Наполи, но испушти шанса да се одлепи и барем за момент да го зацврсти лидерското место во Серија А.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...