Реми за Звезда, реми и за Адеми

Српскиот првак Црвена Звезда ремизираше (1-1) во Белград против Копенхаген во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Милан Павков во 44.минута ги доведе белграѓани во водство, но Копенхаген израмни од пенал во 84.минута преку Јонас Винд.

Реми имаше и на „Максимир“ на дуелот меѓу Динамо Загреб и Ференцварош. Аријан Адеми забележа асистенција за водечкиот гол на Динамо што го постигна Дани Олмо, но Давид Сигер израмни во 60.минута.

Клуб Бриж со 1-0 на домашен терен го совлада Динамо Киев.

Се вчитува...