„Ремонтираниот“ МЗТ со 17 тројки го „распука“ Куманово (90-106)

Неколкуте промени во играчкиот состав очигледно донесоа позитивно освежување за македонскиот шампион МЗТ Скопје кој во последниот натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига победнички мина во Куманово славејќи со 90-106 (16-23,32-30,24-28,18-25).

Составот на Александар Тодоров до триумфот стигна благодарение на шутот од далечина. Куманово немаше одговор за вкупно 17 тројки на „металците“ со ефект од 17/37, или речиси 50% успешност од зад линијата за три поени.

Уште од самиот почеток на мечот гостите јасно дадоа до знаење дека ја посакуваат победата, па наметнувајќи ритам со постојано водство. Домашните се обидоа нешто повеќе во вториот период, но успеаја само во еден момент да дојдат до негатива од четири поени. Во второто полувреме комплетно доминираше МЗТ Скопје за сосема заслужена победа на крајот од 90-106.

Во победничкиот тим доминираше Бојан Трајковски со 27 поени, од кои пет тројки, дополнети и со 7 скока и една асистенција. Најновото засилување, Павличевиќ постигна 21 поен, Мавра го следеше со 17 поени и пет асистенции, додека Спасојевиќ мечот го заврши со 19 поени.

Кај домашните најефикасен беше Караџовски со 24 поени, додека Јаневски запиша 16 поени.

Ова е трата победа за шампионот во новата сезона, покрај и два порази, додека Куманово остана на претходните две победи, запишувајќи го третиот пораз.

Се вчитува...