Рен игра фантастично на стартот од сезоната, го реши и Марсеј (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рен продолжуваат со одличните игри на стартот од новата сезона во Лига 1.

По ремито со ПСЖ на стартот сезоната, играчите на Рен дојдоа до третиот триумф во низа и ќе преноќат на лидерската позиција на табелата со десет бодови, еден повеќе од Монако кој својот меч од четвртото коло ќе го игра утре против Стразбур.

Нова жртва на Рен е Олимпик Марсеј кој е совладан со 1:0. Човек на одлука беше Адриен Томасон во 52-та минута. Голот на Томасон може да го видите на следниот ЛИНК.

Олимпик Марсеј го доживеа третиот пораз во четвртиот натпревар во Лига 1 и остана на три освоени бодови.

Се вчитува...