Ренџерс упати благодарност до Џерард: Го остава клубот на здрави нозе, овие фудбалери имаат светла иднина

По три и пол години соработка и освојувањето на долгоочекуваната титула, Ренџерс и Стивен Џерард и официјално се разделија. Шкотскиот шампион му дозволи на Џерард да преговара со Астон Вила и за кратко време остана без менаџер.

На денот кога Астон Вила го официјализираше доаѓањето на Џерард, Ренџерс му се заблагодари и му посака среќа во понатамошната кариера.

Џерард го остави Ренџерс на првото место на табелата, со четири бода пред Селтик, но и со можност да обезбеди пласман во нокаут фазата од Лига Европа. Во соопштението во кое беше објавена веста за заминувањето на Џерард, нема навестување кој би можел да го замени, а беше потенцирано дека Џерард придонел за растот на клубот на сите полиња.

„Ренџерс сега има одличен, конкурентен тим кој може да победи и да прикаже убава игра на сите фронтови и да ги исполни највисоките стандарди во сите спортски сектори. Ренџерс четири години по ред се квалификуваше за групната фаза од европските купови, а во нокаут фазата во последните две, што придонесе за напредок на клубот и во шкотскиот и во европскиот фудбал. На сите ни остави прекрасни спомени, незаборавни моменти и му ја врати шампионската титула на овој тим. Стивен ни го врати доброто име и кредибилитетот во Европа и сега не остава на многу силни нозе и здрава позиција на теренот. Овие фудбалери имаат светла иднина“, изјави претседателот на клубот Даглас Парк.

 

 

 

Се вчитува...