Рене Паурич: Македонија е голем фаворит, потребни ни се навивачите за чудо

ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн

Владимир Булатовиќ

Селекторот на Лихтенштајн, Рене Паурич сосема очекувано ја препушта фаворитската улога на Македонија пред утрешниот натпревар од Лигата на нациите во Вадуц.

Паурич, на прес-конференцијата пред мечот, истакна дека секој резултат освен пораз би било одлично за неговата селекција но верува дека храбро ќе пристапат на натпреварот со желба за успех.

„Сосема е јасно дека Македонија е голем фаворит на овој натпревар. Но, ние воопшто не планираме предвреме да се предадеме. Напротив, видовме дека Македонија не е непобедлива а наше е да одиграме храбро на средбата и да се обидеме да дојдеме до успех“ – истакна Паурич, и дополни:

„Но за да дојдеме до позитивен резултат навистина ни е неопходна бурна поддршка од трибините. Па, Гибралтар славеше на претходниот меч само поради огромната еуфорија од трибините. Сакам нашите навивачи да го видат тоа и да дојда и нам да ни дадат иста таква поддршка. Навистина ни е неопходно. И тогаш, со нивна помош, знаеме дека во фудбалот се е можно“.

Се вчитува...