Ренова до значајни три бода против Силекс (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ренова дојдоа до значајна победа од 2-1 против Силекс во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Гипсарите“ на домашен терен триумфот го обезбедија во првото полувреме со прекрасните погодоци на Шефити во 12. минута и Јусуфи во 38. минута.

Силекс во финишот, со голот на Иван Галевски во 90. минута единствено успеа да го ублажи поразот.

Се вчитува...