Ренова ги промовираше петте нови имиња за новата сезона (ФОТО)

Екипата на Ренова и официјално ги промовираше своите пет засилувања за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Голманот Матија Кобетиќ, Хадис Велии, Лавдрим Скендери, Александар Темелков и Бразилецот Лукас Маркос Меирелеш кој дојде од редовите на Македонија ЃП, се петте нови имиња кои потпишаа едногодишен договор со тимот од Џепчиште.

„Гипсарите“ максимално амбициозно ја очекуваат новата сезона, пред се и водени од новиот стратег Влатко Костов. Веќе стартуваа подготовките за новата сезона. По првата фаза која се одрабува во Тетово, тимот од 7. јули се сели во Охрид каде низ двонеделните подготовки ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари.

Се вчитува...