Ренова и Работнички за бегство од дното, Шкупи сака триумф над „лавовите“

Ниту Ренова, ниту Работнички не сакаат да презимат на последната позиција на табелата во Првата лига, па во меѓусебна пресметка ќе решаваат кој ќе остане на самото дно. Бодовите им се многу потребни затоа што останатите конкуренти избегаа по неколку чекори напред.

„Романтичарите“ во средата играа во Тетово против Шкендија во Купот, извлекоа поволен резултат, па тренерот Марјанчо Андрески се надева дека тимот на може да одигра уште еден квалитетен меч.

„Одигравме квалитетно против Шкендија во Купот и се надевам дека ќе ја повториме таквата игра и против Ренова. Не треба ни се да споменува дека бодови ни се потребни со оглед на незавидната позиција на табелата. Работевме напорно, подготвени сме и одиме во Тетово да одиграме најдобро што знаеме“, порачува шефот на стручниот штаб на Работнички.

Шкупи на домашен терен го пречекува составот на Македонија ЃП и посакува триумф.

„Последните неколку седмици беа исполнети со многу натпревари, ова е последното искушение пред паузата и посакуваме победа. Дополнителен мотив ни е прославата на „Шверцерите“, сакаме да им подариме триумф за јубилејот. Се надевам дека ќе бидеме на потребното ниво“, вели дефанзивецот на Шкупи, Бесарт Кривањева.

  Струга Трим Лим на домашен терен го пречекува Борец, а во дербито на колото на арената „Тодор Проески“ ќе се сретнат Вардар ио Шкендија.

ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО (13 Ч.)

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – БОРЕЦ

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

ВЧЕРА: СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-1  

 

Се вчитува...